Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија

 

За развивање и одржување на квалитетот на високото образование, согласно Законот за високото образование, на секои две години задолжително ќе се спроведува рангирање на сите универзитети и високо-образовни установи во состав на универзитетите (факултети и уметнички академии) запишани во регистарот на високообразовни установи.

По тој повод Министерството за образование и наука распиша отворена постапка и во 2011 година е избран Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет од Народна Република Кина, водечката светска институција за рангирање на високообразовни установи.
Рангирањето е спроведено согласно Берлинските принципи за рангирање на високообразовни установи и се однесува за 2011 година при што се користени податоци од 2010 година. Рангирањето ја стимуира конкуренцијата помеѓу високообразовните установи, дава значајни информации поврзани со статусот на високообразовната установа за работодавачите, стопанството и студентите и нивните родители и за сите заинтересирани субјекти.
Од друга страна, рангирањето на високообразовните установи претставува надополнување на постапките поврзани со оценувањето на квалитетот на високообразовните установи, даваат претстава за развојот на високообразовните установи и во зависност од нивниот квалитет може да придонесе при потранспарентаната и поправедната алокација на средствата за универзитетите врз основа на нивната успешност со цел наградување и стимулирање за уште поголемо зајакнување на квалитетот. Заради придобивките од спроведеното рангирање, се повеќе земји го вклучуваат рангирањето во своите стратегии за развој на високото образование во делот за обезбедувањето на квалитетот.


Линк до резултатите


http://www.shanghairanking.com/Macedonian_HEIs_Ranking/index.html

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi