Барање за изразување на интерес за учество во постапка

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Министерството за образование и наука во име на Владата на Република Македонија објавува:


БАРАЊЕ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

за учество во постапка за

ФИНАНСИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И УПРАВУВАЊЕ НА ТРИ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ со јавно приватно партнерство

на локации во Скопје, Тетово и Штип Република Македонија

 

 

 

Земја: Република Македонија

Име на проектот:Изградба на три нови студенстки домови по пат на јавно приватно партнерство на локации во Скопје, Тетово и Штип во Република Македонија

Рок:30 Ноември 2011

 

Владата на Република Македонија има потреба од изградба на 3 (три) нови студентски домови на локации во Скопје, Тетово и Штип во Република Македонија. За таа намена Министерството за образование и наука има за цел да најде инвеститор кој ќе има задача даизврши изградба на три нови студентски домови во Република Македонија врз основ на изготвена физибилити студија зајавно приватно партнерство.

 

За сите три студентски домови во потфатот на јавно приватното партнерство, приватниот партнер ќе биде вклучен во финансирање, проектирање,изградбаи оперирање/управување со инвестициониот проект.

 

Сите заинтересирани понудувачи, во барањето за изразување интерес за учество вопостапката, потребно е да ги достават следните информации:

(i) портфолио на правното лице со опис на дејноста, претходно меѓународно искуство воизградба, развој, управување истопанисување со студенстки домови и/или слични проекти, податоци за број на вработени лица;

(ii) минимум 10 години меѓународно искуство во управување со проекти поврзани со недвижности,(управување со хотели и слични станбени недвижности), со кои ќе го докажат своето искуство и способност за успешно спроведување напроектите за изградба и реконструкција на студентски домови

(iii) податоци за финансиската состојба на правното лице/годишен обрт на средства за последните три години (не повеќе од 10 страни) и

(iv) контакт лице со податоци за телефон, електронска адреса.

 

 

Понудувачот (приватниот партнер) ќе биде избран во согласност со одредбите од Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство (Службен весник на РМ бр. 7/2008, 139/2008, 64/2009, 52/2010) Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ 136/2007, 130/2008, 97/2010, 53/2011) и останатите законски прописи и регулативи во Република Македонија. Применетиот метод на избор на изведувачот ќе биде избор врз основана квалификациите на најдобриот понудувач.

 

Заинтересираните квалификувани понудувачи можат да добијат дополнителни информации на адресата дадена подолу,во текот на работното време од 09:00 часот до 16:00 часот.

Заинтересираните понудувачи е потребно да ги доставатбараните информации/документи на македонски јазик.

 

Изразувањето на интерес мора да биде доставено на адресата дадена подолу, најдоцна до 30 Ноември 2011, до 16:00 часот (локално време). Апликациите по е-маил ќе бидат прифатени.

 

Министерството за образование и наука нема да одговара за кои било трошоци поднесени од апликантите воврска со подготовката или доставувањето на писмата за интерес.

 

 

Министерство за обрaзование и наука

г-аМаја Симоновска

Правен советник

Адреса: „Мито Хаџивасилев Јасмин“бб

1000 Скопје, Република Македонија

Контакт телефон: +389 (0) 2 3117 - 896

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Копија на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

 

 

КОНКУРС за доделување стипендии

------------------------------

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Акредитирани универзитети и факултети

 

citizenship1