header-mk

Конкурс за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2010/2011 година

 

Овде може да го преземете конкурсот

А овде може да аплицирате за истиот.

nov grb boja

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02 и 82/08), врз основа на член 53 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр, 37/98 и 40/03) и Решение бр. 16 – 8890/1 од 12.11.2010 година, Mинистерството за образование и наука, распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2010/2011 година

Министерството за образование и наука за студиската 2010/2011 година ќе додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните видови:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

- 170 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

- 30 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

ТИП Б – Стипендија за студенти

- 850 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

- 150 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни

установи во Република Македонија.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

- 1.400 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

- 200 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломските студии кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни студенти;
  2. да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
  4. студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години;
  5. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 6.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “Б” – Стипендија за студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 8.5 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 50 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 7.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 40 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

  1. Остварен успех во текот на студирањето за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
  2. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 70 бодови.
  3. Студенти – деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок добиваат најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk почнувајќи од 25.11.2010 година до 12.12.2010 година.

Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавен на 25.01.2011 година на интернет порталот http://mon.gov.mk и на http://stipendii.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб – Скопје, од 16.12.2010 до 29.12.2010 година, од 9 – 16 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2010/2011 година;
  2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
  3. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на http://stipendii.mon.gov.mk;
  4. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
  5. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец септември 2010 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др.;
  6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на http://stipendii.mon.gov.mk;
  7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
  8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
  9. Индекс на увид.

Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за тип “А” – стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти ќе изнесува 4.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за тип “Б” – стипендија за талентирани студенти ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за тип “В” – стипендија за студенти од социјални категории ќе изнесува 2.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

Секој студент може да користи само еден тип на стипендија.

Доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи од истиот тип и обратно, доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи од истиот тип.

Стипендијата се доделува за толку семестри колку се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

Корисниците на студентска стипендија од претходните години, согласно потпишаниот договор со Mинистерството за образование и наука, потребната документација за продолжување на стипендијата да ја достават најдоцна до 30.11.2010 година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Министер

Abdulakim Ademi

Абдилаќим Адеми

Министер за образование и наука на Република Македонија

misija-vizija-button-web

politika-kvalitet-web

eksterno1-baner1-4

eDnevnik-14-baner2

 

plagjati-14-baner2NaukaMK-baner-14

MCGO-baner

patent-logo1

eduvideo-14

skoool-mk-web

sportski-igri-web

e-ucebnici

domovi-web

matura-baner-14BRO-baner-14aCSOO-14-web 2 Logo_DIC

edulaws-web

1000knigi-2014-v2

interaktivna-webr

              Министерство за образование      
и наука 
 ул. Св. Кирил и Методиј бр.54
 1000 Скопје
 Република Македонија


Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414    
Е-пошта: contact@mon.gov.mk      

 

 

 119931-matte-grey-square-icon-social-media-logos-facebook-logo-300x300 Придружете ни се на Facebook      

 

 


Copyright © 2014 mon.gov.mk            

Сите права се заштитени.