1. Се утврдува потреба за формирање на авторски тимови за
изработка на ракописи за учебници по следните наставни предмети за I, II, III и IV година во четиригодишното стручно образование.
2. Авторските тимови за изработка на ракописи за учебници по
следните наставни предмети за I, II, III и IV година во четиригодишното стручно образование ги формира министерот за образование и наука од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во членовите 10 и 11 од постојниот Закон за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008)
3. Авторските тимови, најдоцна во рок од 60 дена од денот на формирањето, до директорот на Педагошката служба доставуваат ракопис за учебник.
4. На авторските тимови им следи надомест за изработка на ракописот за учебник во висина од 2.500,00 евра во денарска противредност, доколку ракописот за учебник го изготват најдоцна 30 дена од денот на добивањето на ова решение, односно надомест во висина од 2.000,00 евра во денарска противредност доколку ракописот за учебник го изготват најдоцна 60 дена од денот на добивањето на ова решение и го достават до директорот на Педагошката служба.
5. Исплатата на средствата од точка 4 на ова Соопштение е ако Националната комисија за учебници го прифати стручното вреднување на ракописот од рецензионата комисија и го достави како конечен предлог за избран ракопис до Mинистерот за образование и наука.
6. За регулирање на меѓусебните права и обврски Министерството за образование и наука и авторските тимови ќе склучат посебен договор.
7. Наставните предмети за I, II, III и IV година во четиригодишното стручно образование за формирање на авторски тимови ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за образование и наука, www.mon.gov.mk
8. Сите информации во врска со ова Соопштение може да се добијат во Министерството за образование и наука – Педагошка служба, ул.„Пролет“бр.1-Скопје, тел.3121-593.
Овде може да ги видите предметите за кои не се пристигнати учебници и нема формирано авторски тимови




















