Меморандум за разбирање

Меморандум за разбирање помеѓу Британски совет и МОН за развој на наставата по англиски јазик, стручниот развој на наставниците и професорите и соработка меѓу училиштата во периодот 2010-2012

Обраќање на министерот за образование и наука Никола Тодоров

Денешното потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за образование и наука и Британскиот Совет ќе продонесе за нова конструктивна и инвентивна соработка за подобрување на квалитетот на наставата по англиски јазик, како и за унапредување на стручноста на наставниот кадар по англиски јазик во основните и средните училишта во Република Македонија.

Изучувањето на англискиот јазик ќе биде унапредувано преку разни форми на подршка и активности реализирани од страна на Британскиот совет.

Тоа вклучува спроведување на регионално-сертифицирана 25 часовна обука и обезбедување пакет материјали за обука за 100 наставници-почетници во наставата по англиски јазик со помалку од 5 години работно искуство. Британскиот совет ќе донира 260 комплети од пакет- материјалите за обука на овие наставници, а ќе бидат промовирани и електронските ресурси и материјали, кои се продукт на Британскиот совет наменети за стручен развој на наставниците и нивна употреба во наставата за сите возрасти и степени.

Со соработката на ова поле ќе се обезбеди стручна поддршка за развојот на стандардите по англиски јазик во организацијата на матурскиот испит и задолжителниот наставен предмет од државната матура по англиски јазик од страна на Државниот испитен центар, а ќе се работи и на документ за стратешко партнерство со Британското министерство за образование и Британскиот совет со цел младите и наставниците да се поврзат со нивните врсници и колеги насекаде низ светот  преку интернет – порталот Глобал гејтвеј на Британското Министерство, кој е менаџиран  од страна на Британскиот совет, со што Македонија ќе биде една од 70-те земји кои имаат интернет страници на сопствен јазик. На тој начин ќе им овозможиме на учениците и наставниците да научат повеќе за можностите за работа на заеднички проекти со над 11 000 училишта од светот.

Покрај дополнителното остручување на наставниците по англиски јазик преку полагање меѓународни испити по англиски јазик, ќе се обезбеди и обука за предметните професори од гимназиите кои се заинтересирани да воведат паралелки што ќе ја следат наставата на англиски јазик.

Во оваа прилика  би сакал да му се заблагодарам на амбасадорот Ендру Ки за досегашната соработка, како и на директорот на Британскиот совет Лес Дејџернфилд, за нивните заложби за подобрување на наставата по англиски јазик и сите активности кои ги преземаат за подигнување на степенот на владеење на англискиот јазик на граѓаните на Република Македонија. Воедно, за ова им изразувам благодарност и на претставниците на Универзитетот на Југо-источна Европа, на Македонската асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици, како и на Македонското здружение за наставници и професори по англиски јазик.

 

bc_moe_4

 

bc_moe_6

 

bc_moe_11

Има 66 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum