- Ранг-листа на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои ги исполнуваат условите и критериумите на Конкурсот за доделување студентски кредити на студенти за студиската 2009/2010 година
- Ранг-листа на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои ги исполнуваат условите и критериумите на Конкурсот за доделување студентски кредити на студенти за студиската 2009/2010 година
- Список на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои не ги исполнуваат условите и критериумите на Конкурсот за доделување студентски кредити на студенти за студиската 2009/2010 година
- Список на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои не ги исполнуваат условите и критериумите на Конкурсот за доделување студентски кредити на студенти за студиската 2009/2010 година
Кандидатите за кои комисијата утврдила дека ги исполнуваат условите и критериумите од Конкурсот за доделување студентски кредити за студиската 2009/2010 година, потребно е да достават три пополнети копии од Договорот и пополнет и заверен документ "Обврски на жирантите" (кои се составен дел на ова соопштение), копија од картицата од трансакциската сметка на свое име, пополнета меница од 100 денари (дополнително ќе биде објавено и Упатството за пополнување) и фотокопија на индексот со заверените семестри.
Горанаведените документи кандидатот на кого му е одобрен студентскиот кредит да ги достави по пошта најдоцна до 30.04.2010 година на следнава адреса:
Министерството за образование и наука, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје
со назнака на пликот “Договор за студентски кредит”.
Кандидатите кои не извршиле електронско аплицирање или ненавремено ги доставиле документите не се внесени во листите.
Министерството за образование и наука ги информира сите кандидати дека, за одлуката на Комисијата, дополнително ќе бидат известени и на домашна адреса.
За подетални информации може да се обратите на тел. 02-3140-147, 02-3140-163 (Вера Димитровска и Душанка Георгиевска).




















