Конкурс за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2009/2010 година

Врз основа на член 4 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачки кадри („Службен весник на Република Македонија„ бр.82/09), Министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ЗЕМЈАТА ЗА АКАДЕМСКАТА 2009/2010 ГОДИНА

 

1.Стипендии за  студии од втор циклус ќе се доделат за следните научни области:

 

- природно-математички и техничко-технолошки науки........80

- биотехнички ,медицински науки и здравство.......................40

- општествени и хуманистички науки........................................30

 

Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови:

- да имаат завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;

- да се запишани на студии од втор циклус првпат во прва година во академската 2009/2010 година;

- да се запишани првпат во втора година во академската 2009/2010 година и да имаат освоено најмалку 2/3 од предвидените кредити по ЕКТС системот;

- студиската програма на која се запишани кандидатите да е акредитирана и има решение за работа;

- на денот на конкурирањето да не се постари од 27 за прва, односно 28 години за втора година,

- да не се во работен однос (на определено или неопределено време);

- да знаат еден од светските јазици;

- да не се корисници на стипендија од други даватели;

- да знаат да работат на компјутер;

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнатиот успех;

- потврда од факултетот-институтот дека кандидатот е запишан првпат во прв или втор семестар на студии од втор циклус во академската 2009/2010 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

- потврда од факултетот-институтот дека во академската 2009/2010 година е запишан првпат во трет семестар на студии од втор циклус и уверение за предвидени и положени кредити по ЕКТС системот(се однесува на лица кои ќе конкурираат прв пат за втората година од студиите од втор циклус);

- извод од матичната книга на родените;

- доказ од установата дека студиската програма на која е запишан студентот е акредитирана и Решение за работа;

- потврда од Агенцијата за вработување на РМ дека кандидатот не е во работен однос (на определено или неопределено време);

- диплома или уверение за познавање на еден од светските јазици;

- своерачна изјава дека не е корисник на стипендија за студиите од втор циклус од други даватели (заверена на нотар);

-  доказ дека знае да работи на компјутер.

 

2. Документите кои се издаваат од институциите  од другите земји потребно е да бидат преведени од овластен судски преведувач.

 

3. Потребните документи за доделување на стипендија за студии од втор циклус во земјата и странство може да се доставуваат во оригинал или нотарски заверена копија.

 

4.Рокот за пријавување на кандидатите  за користење на стипендии за студии од втор циклус е 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

 

Потребните документи по Конкурсот, се поднесуваат исклучиво лично во Министерството за обрзование и наука.

 

Некомплетните документи и документите доставени по изминатиот рок нема да се примаат.

 

Пријавата по конкурсот со упатството за потребната документација која треба да ја приложат во врска со конкурсот, заинтересираните лица можат да ја подигнат во Министерството за образование и наука или на Веб страната на МОН  www.mon.gov.mk

 

 

Министерство за образование и наука

Ул.”Мито Хаxивасилев Јасмин” бб

Зграда на Нова Македонија 14 кат)

1000 Скопје

 

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон  3140-183.

 

Упатство за потребната документација

Пријава за последипломски студии

Има 68 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum