Јавен повик за упис во Регистарот на субјектите за технолошки развој

Врз основа на член 8 од Законот за поттикнување и помагање на технолошкиот развој („Службен весник на РМ„ бр.41/ 2008 ) и Правилникот за формата, содржината и начинот на водење Регистар за субјектите на технолошкиот развој („Службен весник на РМ„ бр.81/2009).

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за упис во Регистарот на субјектите за технолошки развој .


Право на упис врз основа на член 7 од Законот за потикнување и помагање на технолошкиот развој имаат следните субјекти :

  • Трговски друштва, со претежна дејност производство;

  • Организационите форми на технолошка инфраструктура: истражувачко-развојни единици во стопанството, иновациски центри, центри за трансфер на технологија, научно-технолошки паркови и центри за информациски и комуникациски технологи;

  • Здруженија на граѓани чија дејност се заснова на иноваторство и технички унапредувања и

  • Физички лица кои остваруваат активности во функција на технолошки развој.

 

Формуларот е објавен на веб-страната на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk) и истиот треба да се достави во писмена и електронска форма на оваа адреса:

Министерство за образование и наука

Сектор за унапредување на науката и техничко-технолошкиот развој

ул ,,Мито Хаџивасилев- Јасмин” бб, -Скопје .

е-mаil: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Рокот за поднесување на пополнетитите обрасци е 3(три) месеци од денот на објавување на јавниот повик во весниците ,,Вечер” и ,,Лajм”.

 

Сите дополнителни информации може да се добијат на телефон (02) 3140-187, лице за контакт: Рамиз Сулејмани

 

Формуларот за упис во Регистарот на субјектите за технолошки развој симнете го ТУКА.

 

Има 48 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum