Конкурс за CERN стипендии

Врз основа на Спогодбата склучена помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Организација за нуклеарни истражувања CERN, Министерството за образование и наука објавува:

 

 

К О Н К У Р С

  1. Три Стипендии за студенти од трета и четврта година на студии по физика, електротехника и информациски технологии, финансирани од CERN. Стипендиите се наменети за летната школа на CERN, која ќе се одржува во текот на јули/август 2010 година.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните  услови:

-         да имаат просечен успех од најмалку 9,5;

-         писмена препорака од најмалку еден професор, и

-     одлично познавање на англискиот јазик.

 

Потребни документи: биографија, уверение за  положени испити, сертификат за познавање на англиски јазик.

 

  1. Една стипендија наменета за постдипломци или асистенти од горенаведените подрачја, во траење од 6 месеци, заеднички финансирана од CERN и UNESCO.

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите од точка 1 и да не бидат постари од 28 години.

 

Потребни документи: исто како под точка 1

 

Апликациите под точка 2 ќе бидат разгледувани и прифатени од страна на проф. Златко Димчовски од CERN, кој воедно ќе биде и ментор на прифатениот кандидат.

Краен рок за поднесување на документите од точка 1 и 2, по електронски пат е 31 јануари, 2010 година. Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Контакт лица: Милан Дракалски, Иванка Соломонова тел: 02 3140 182
Има 68 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum