Врз основа на Програмата на Владата на Република Македонија за опремување на лабораториите за државните универзитети и јавните научни установи, Министерството за образование и наука ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават елаборат со технички спецификации за набавка на опрема за лаборатории.
Доставените проекти од страна на институциите за создавање нови и опремување на постоечките научноистражувачки лаборатории треба да ги содржат следниве елементите за апликација:
- институција
- назив на лабораторијата
- Раководител или претставник од лабораторијата
- образложение на потребата од основање нова лабораторија
- вид на лабораторија
- намена
- апликативност за научноистражувачки и практични цели
- човечки ресурси (постојни и потребни)
- основна спецификација на опремата
- главни целни области и приоритети на лабораторијата
- соработка со други научни институции при употребата на лабораторијата и потенцијални корисници
- основни финансиски параметри (проценка за потребните финансиски средства за набавка на предложената опрема)
- биографија на раководителот на проектот.
Секоја техничка спецификација треба да биде потпишана од раководител или претставник од лабораторијата и овластениот претставник на институцијата, и истата да има печат на институцијата.
Потребна документација на македонски и на англиски треба да се достави до: Министерството за образование и наука најдоцна до 20 јануари, 2010 год. на следната адреса׃
Министерство за образование и наука
Сектор за унапредување на науката и техничко-технолошкиот развој
бул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“бб (кат 14)
1000 Скопје
Лица за контакт: Јулијана Балевска и Александар Тутновски
тел: (02)3140-186




















