Доделени награди на ученици

Денес, министерот за образование и наука Никола Тодоров, ги врачи наградите на учениците кои учестуваа на Меѓународниот конкурс за уметност – цртежи, фотографии и рачна изработка на детски играчки, организиран од Министерството за култура на Република Египет и Египетскиот национален центар за деца. На конкурсот беа наградени 74 ученици од 17 училишта. Златен медал освоија 21 ученик, сребрени медали 19 ученици, додека сертификати за учество им беа доделени на 34 ученици.

- Ме радува што денес имам можност да ги врачам наградите доделени од страна на Египетските власти на нашите талентирани, креативни и вешти ученици, кои што учествуваа на Меѓународниот натпревар за уметност – цртежи, фотографии и рачна изработка на детски играчки организиран од Министерството за култура на Република Египет и Египетскиот национален центар за деца – истакна министерот Тодоров.

Тој, потенцира дека, поддршката на креативноста и критичкото мислење кај учениците е исклучително важен сегмент од воспитно-образовниот процес, а нивниот потенцијал е најдобар промотор на македонската култура и идентитет.

- Поканата од Египетската Влада нашата држава да се вклучи во натпреварот е начин да се промовира соработката помеѓу Република Македонија и Република Египет. На учениците им честитам за освоените награди. Се надевам дека и во иднина тие ќе имаат интерес да учествуваат во вакви или слични натпревари со што ќе допринесат за сопствениот развој, но и за промоцијата на нашата држава, а наставниците ќе продолжат да ги стимулираат младите да работат на личниот и професионален развој – рече министерот Тодоров.

Има 54 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum