Соопштение

Министерството за образование и наука денеска објави конкурс за изработка за издавање на 534 учебници за предмети од 14 струки за прва, втора, трета и четврта година во средните стручни училишта.

Конкурсот завршува на 1 март 2010 година. Учебниците ќе бидат бесплатни и се очекува  да бидат готови до почетокот на идната учебна година. Проектот го чини МОН околу 90 милиони денари. Бројот на примероци на секој од 534-те учебници ќе зависи од бројот на ученици кои ќе се запишат на одредена струка.

МОН ја направило и пресметката и цената за која е подготвено да им плати на авторите. Таа е наведена во конкурсот и е поделена во три групи - до 2.000 евра, 2.500 и 3.000 евра за авторско право по учебник, во зависност од фондот на часови кој го покрива учебникот.

Се работи за еден од најголемите проекти кои ги презедовме заради квалитативно подобрување на условите за  едукација во Македонија. Повеќе од две децении учениците во средните стручни училишта беа осудени да учат од скрипти и од неавторизирани ракописи, мораа да пишуваат она што им го диктираа наставниците. Денеска оваа неправда ја исправивме. Средните стручни училишта се меѓу носечките столбови за развој на стопанството во Република Македонија и само добро прилагодено средно стручно образование може да биде во функција на бизнисот и на економски и севкупен општествен развој, рече министерот Тодоров.

Извор МИА

Има 54 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum