Европа за граѓаните (2007–2013)

Програмите на Заедницата ја опфаќаат речиси секоја област на социо-економскиот живот на европските граѓани: образование, култура, млади, медиуми, социјални прашања, развој на МСП, животна средина, транспорт, јавно здравство, правна соработка, борба против насилството, криминал, тероризам, информатичко општество, царина и даноци. Секоја програма има своја интернет-страница која располага со сите информации поврзани со нејзините цели, активности, буџети, повици и реализирани проекти.

Програмата Европа за граѓаните е една од Програмите на Заедницата која треба да и обезбеди на Унијата инструменти за промовирање на активно eвропско државјанство, како и охрабрување на соработката помеѓу граѓаните и нивните организации од различни земји. Ваквата интеркултурна размена ќе придонесе за подобрување на заедничкото знаење за културите и историјата на европските народи. Главните цели на Програмата се:

  • Давање можност на граѓаните да соработуваат и учествуваат во создавањето на обединета Европа;
  • Создавање на европски идентитет, базиран на познатите заеднички вредности, историјата и културата;
  • Зајакнување на заедничкото разбирање помеѓу европските граѓани

Предвидено е овие цели да бидат спроведени преку следниве акции:

  • Активни граѓани за Европа (Active citizens for Europe)
  • Активно граѓанско општество за Европа (Active civil society for Europe)
  • Заедно за Европа (Together for Europe)
  • Активно сеќавање на Европа (Active European Remembrance)

Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за образование и наука (контакт лица: Хикмете Селмани: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите / Сузана Џамтоска-Здравковска: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

За подетални информации за Европа за граѓаните, отворени повици и форми за апликација, посетете ги веб-страниците:

Има 58 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum