Обемниот проект ја чини Владата над една милијарда денари. Процесот ќе се одвива во три фази, а ангажирани се повеќе издавачи.
- Првата, најобемната фаза почнува сега. Денеска во Прилеп ги дистрибуираме првите учебници. Втората фаза ги опфаќа учебниците за четврто и седмо одделение, а во третата се учебниците за средните стручни училишта. Процесот треба да заврши до 1 септември, изјави денеска во Прилеп министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тој додаде дека МОН вложува максимални напори учениците да ги добијат комплетнит
е учебници до почетокот на новата учебна година.
- Овој проект не е популистички, туку има благородна цел. Да им се помогне на учениците и на родителите и да се стимулира целиот образовен процес. Ова е финансиска помош. Остваруваме еден сон за еднаков пристап во образовниот процес. Сите да имаат еднакви можности, изјави Тодоров.
Учебниците се наменети за три генерации, а секоја година ќе има нови работни листови и работни тетратки. Кој ќе ги оштети ќе треба и да ги плати.
Учебниците за околу 12.000 прилепски основнци и средношколци од денеска ќе се сместуваат во спортската сала во ОУ „Гоце Делчев”. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека со бесплатните учебници се обезбедува поквалитетна настава за учениците.
Во моментов се реновира во сите прилепски училишта, а градот ќе се вклучи во ИПА-фондовите од каде ќе користи околу половина милион евра за реконструкција на сите врати и прозорци во 11-те основни и во петте средни училишта.
Извор: МИА




















