Нова училиште претстав
ува целина составена од 4 блока со површина од 2973м2, со приземје и кат и капацитет од 550 ученици во една смена. За оваа цел од буџетот на Република Македонија во 2009 година се издвоени 30 милиони денари, а во 2010 се планираат нови 22 милиони денари, со што, новото училиште во Кичево, во населбата Пашино село ќе биде пуштено во употреба во септември 2010 година.
Камен темелникот на новата училишна зграда го постави министерот за образование и наука Никола Тодоров, кој истакна дека во рамките на програмата “Изградба и реконструкција на училиштата“ Владата донесе одлука да ги обезбеди потребните средства за изградба на нов објект за ова училиште и со тоа да овозможи нормално одвивање на наставата.
- Мисијата на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука е да го поддржи сето она што ќе овозможи прогрес на земјата. Денес, повеќе од било кога порано, станува јасно дека само со знаење може да се надмине кризата, дека само знаењето може да ги изменат неповолните состојби и да обезбеди развој. Само општество базирано на знаење е општество кое си ја гарантира иднината, а основен предуслов за тоа е усвојување на принци
пи кои основното образование ќе го направат солиден темел за идна надоградба – изјави министерот Тодоров.
Основното училиште „Санде Штеријоски“ е училиште во кое учат околу 1700 деца, а наставата се одвива на три јазици: македонски, албански и турски. Постојните два објекта, централната зграда изградена во 1972 година и зградата на првото училиште кое е изградена во 1946 година и во која, заради недостиг на простор, учат учениците од 5 и 6 одделение, не ги задоволува потребите на една современа образовна институција. Новата зграда, која Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука комплетно ја финансираат, ќе овозможи и изведба на кабинетска настава.




















