Ваша екселенцијо, амбасадор Филипини,
Почитуван г-дине Уитерхаген,
Почитуван г-дине Костовски,
Министерството за образование и наука на Република Македонија во партнерство со Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот и TRIMBOS Институтот за ментално
здравје и зависности од Холандија, во периодот 2008 – 2011 година, го реализираат проектот: “Воспоставување на програма за превенција од злоупотреба на дроги во училиштата во Македонија”.
Иако стандардните форми за едукација за превенција од злоупотреба на дроги можат да го зголемат степенот на знаење, главниот предизвик сепак е да се направи промена на ставовите и однесувањето кај младата популација.
Пристапот “Едноставно речи не” - не функционира. Затоа верувам во проектот кој е
базиран за конкретна целна група на млади, земајќи ги во предвид спецификите на возраста, полот, развојните периоди во кои се наоѓаат како и и културолошките средини од каде тие потекнуваат.
Програмите од проектот ги вклучуваат семејствата и заедницата преку нивно активно учество при утврдување на проблемите, потребите, изнаоѓањето решенија, спроведувањето на активностите итн.
Проектот ќе се спроведува во партнерство помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија, Гра
дот Скопје, Општина Тетово и Општина Струмица, како и трите средни училишта: “Никола Штејн” - Тетово, “Јане Сандански” – Струмица и АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје. Проектот е финансиски поддржан од МАТРА програмата на Министерството на надворешни работи на Холандија.
Верувам во принципот на споделена одговорност и координиран пристап при изработувањето на стратегии за превенција од злоупотреба на дроги преку соработка и партнерство на владините институции, единиците на локалната самоуправа, граѓанските асоцијации и други партнерски организации и субјекти во реализацијата на програмските содржини.
Посакувам успешна реализација на проектот со афирмирање на здрави стилови на живеење и подобрување на здравјето и безбедноста кај младите луѓе.
Ви благодарам




















