Соопштение

Денес, 30.06.2009 година е последниот рок за второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Република Македонија. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени утре на 01.07.2009 година. Во училиштата, каде ќе се пријават поголем број ученици со ист успех од основното образование,  во петок 03.07.2009 година, ќе се спроведе квалификационо тестирање на знаењето.

Во Република Македонија има 19 302 слободни места во второто пријавување во првиот уписен рок. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите.

Во Град Скопје, има 5113 слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 слободни места има за албански наставен јазик, додека 214 слободни места има за турски наставен јазик. За повторувачите има 115 слободни места.

Во останатите општини во република Македонија има 14 189 слободни места. За настава на македонски јазик слободни се 8429 места, за наставен албански јазик има 5261 слободно места, како и 479 слободни места за настава на турски јазик и 20 слободни места за повторувачите.

Во Република Македонија има 5412 слободни места во гимназиското образование. Во гимназиските паралелки на македонски наставен јазик има 2935 слободни места, за настава на албански јазик им 2167 слободни места, како и 269 слободни места за турски наставен јазик и  41 слободно место за повторувачите.

Во гимназиското образование во Град Скопје има 1143 слободни места. За наставен македонски јазик има 459 слободни места, а за настава на албански јазик 617 слободни места. За настава на турски јазик има 26 слободни места, како и 41 слободно место за повторувачите.

Во останатите општини во Република Македонија има 4296 слободни места за гимназиското образование. За настава на македонски јазик има 2476 слободни места, како и 1550 слободни места за настава на албански јазик и 243 слободни места за турски наставен јазик.

Во стручното образование во Република Македонија има 13 890 слободни места. За наставен македонски јазик слободни се 7456 места во училиштата, а за настава на албански јазик има 5916 слободни места. За настава на турски јазик има 424 слободни места, како и 94 слободни места за повторувачите.

Со Град Скопје за стручното образование во второто пријавување во првиот уписен рок има 3970 слободни места. За настава на македонски јазик има 1503 слободни места. За настава на албански јазик во стручните училишта има 2205 слободни места, во оваа бројка се вклучени и 170 слободни места во средно медицинското училиште “Д-р Панче Караѓозов“, каде пријавените осмооделенци не се појавија на квалификациското тестирање на знаењето. За настава на турски јазик има 188 слободни места, како и 74 слободни места за повторувачите.

Во општините во Република Македонија за стручно образование има 9920 слободни места. За настава на македонски јазик има 5953 слободни места, 3711 слободно место за наставен албански јазик, како и 236 слободни места за турски наставен јазик, а 20 слободни места има за повторувачите.

Учениците кои не се појавија на квалификациското тестирање во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, треба да си ги подигнат докоментите, доколку сакаат повторно да конкурираат во второто пријавување во првиот уписен рок. Во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за второто пријавување во првиот уписен рок има 170 слободни места за настава на албански јазик.

Уписот е завршен во СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОУ „Јане Сандански“ - Битола, СУГС „Орце Николов“ - Скопје, СУГС „Никола Карев“ - Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“ - Скопје (македонски наставен јазик), СУГС „Ѓорѓи Димитров“ -Скопје (гимназиско образование), СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ - Струмица.

Во учебната 2008/2009 година осмо одделение завршија вкупно 27.160 ученици, од кои 17.360 ученици со настава на македонски наставен јазик, 9.178 ученици со настава на албански наставен јазик, 581 ученик со настава на турски наставен јазик, 41 ученик со настава на српски наставен јазик

Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел беа обезбедени 38% повеќе слободни места за упис во сите јавни средни училишта.

Има 60 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum