ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

 

  • Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија се стреми кон подигнување на квалитетот на образовните и научните институции и градење механизми за нивно ефективно и ефикасно делување.
  • Министерството за образование и наука ги имплементира сите позитивни промени во образовната и научната сфера со цел да се намали невработеноста и да се генерираат квалитетни кадри.
  • Министерството за образование и наука ја засилува и унапредува меѓународната соработка во сферата на образованието и науката.
  • Министерството за образование и наука го подигнува нивото на образование кај младите со посебен акцент на зголемување на квалитетот на нивното знаење.
  • Министерството за образование и наука поддржува образовна рамноправност, односно образование за сите граѓани.
  • Министерството за образование и наука применува концепт за доживотно учење и обука.
  • Министерството за образование и наука воспоставува динамична врска со пазарот на трудот и потребите на стопанството.
  • Министерството за образование и наука ја промовира информатичката писменост како една од клучните компетенции за зголемување на ефикасноста на образовниот систем.
  • Министерството за образование и наука го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард МКС EN ISO 9001:2015
  • Министерството за образование и наука се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, води сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на корисниците на услуги и просперитетот на Министерството.
  • Министерството за образование и наука применува процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет. Во врска со тоа извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на Министерството.
  • Врвното Раководство на Министерството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

Скопје, 2019 година

iso