Министерството за образование и наука на Република Македонија еднократно ќе додели финансиски средства за финансирање на творечките дејности на високообразовните и научните установи.

Финансирање на творечките дејности се врши за творечки дејности реализирани во 2014 година за:
- учество или настап на фестивал кој е член на европската асоцијација на фестивали (European Festivals Association),
- учество на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, како национален представник, или
- учество или настап на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, каде изборот на учесниците се објавува по пат на конкурс, аудиција или селекција.

На Конкурсот за доделување на еднократни финансиски средства наменети за творечките дејности реализирани во 2014 година може да се пријават наставници или соработници на високообразовни, односно научни установи од научните области на ликовната уметност и архитектурата, драмската уметност, музичката уметност филм и книжевност кои:
- учествувале или настапувале на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали (European Festivals Association),
- учествувале или настапувале на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија како национален претставник
- учествувале или настапувале на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, каде изборот на учесниците се објавува по пат на конкурс, аудиција или селекција.

Потребни документи за пријавување за Конкурсот:
1. Пополнета пријава:
2. Доказ за:
- учество или настап на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали (European Festivals Association),
- учество на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија а, како национален претставник, или
- учество или настап на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, каде изборот на учесниците се објавува по пат на конкурс, аудиција или селекција;
3. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

Висината на средствата за надомест за творечки дејности е во еднократен бруто износ од 30,000,00 денари по наставник/соработник.

Конкурсот започнува на 26.10.2015 и ќе трае заклучно со 31.12.2015 година.

Пријавата со упатството за потребната пропратна документација може да се подигне во Министерството за образование и наука или на интернет страната на Министерството за образование и наука симни пријава.
Документите во два примероци со назнака „Конкурс за финансирање на творечки дејности“ да се достават најдоцна до 31.12.2015 на адреса или во писарницата на:

Министерството за образование и наука
Улица „Свети Кирил и Методиј 54
1000 Скопје
Република Македонија

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:
Александар Петров канцеларија број 1405 или на телефон 071 228 742, и
Александар Тутновски канцеларија број 1411 или на телефон 3 140 186

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook