Врз основа на член 3 од Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1 ноември 2008 година, Министерството за образование и наука на 15.10.2016 година, распишува


КОНКУРС
за заеднички македонско – австриски научно-истражувачки проекти
за периодот 2016 – 2018 година


Краен рок за понесување на предлози: 15.12.2015 година

Право на конкурирање

Научно - истражувачки единици на  универзитетите, нa МАНУ, научни институти и  единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи.

Услови за учество

- Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата -  носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

- Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и.

- други услови, согласно постојната законска регулатива

Научни области

Сите  научни области

Времетраење на проектите

2 (две) години ( од 1 јули 2016 до 30 јуни 2018 година )

Краен рок за поднесување на предлозите

15.12.2015 година

 

Начин на финансирање

Согласно  проектната соработка

Поднесување на  предлозите

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик.

Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и  на обрасците ОБ-1.

Предлозите за проекти се поднесуваат во по три примероци и во електронска форма на долунаведената  e-mail адреса.

Обрасците  за понесување  на предлози за проекти се составен дел  на овој Конкурс (www.mon.gov.mk). Подетални информации може да се добијат  во Министерството на тел.  (02)  3140 185 или  на  e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., katerina.sumanovska@gmailcom

Во предлозите за проекти треба да се  приложат следниве документи ( во PDF формат):

-       Кратко CV - studiorum за секој член на проектниот тим

-       Список на релевантни публикации во последните 2 години

-       Опи на проектот, вклучувајќи го и методолошкиот дел (од 3-5 страни А4  формат)

-       Краток опис на партнерската институција

-       Краток опис на задачите на СИТЕ членови на проектниот тим во Проектот

Kритериуми за оценување на предлозите

Предлози за проекти ќе се рецензираат од рецензенти пријавени на Јавниот оглас за избор на резенценти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист ОЛ-1:

·          придонес во продлабочување и проширување на научните знаења,

·          оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·          компетентност на главниот  истражувач и предложениот истражувачки тим,

·          придонес во оспособување на млади истражувачи,

·          релевантност на проектот на целите на истражување,

·          релевантност за примена на резултатите во практиката,

·          конкуретност за меѓународна соработка,

·          остварливост на предлог проектот (финансиска конструкција), и

·          можности за примена на резултатите.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот после состанокот на Заедничката  македонско – австриска  комисија, во текот на првата половина на 2016 година. 

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештај

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот  на завршувањето на проектот (најкасно до  крајот на септември 2018 година).

 

Адреса  на институцијата во Македонија за понесување на предлозите

Адреса  на институцијата во Австрија за понесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за  наука и технолошки развој

Ул. Св. Кирил и Методиј, бр.5.

1000 Скопје

Тел: (02)   3140 185

Fax:      (02)  3118 414, 3118 630

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,             Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,        

Internet:            www.mon.gov.mk

OeAD-GmbH (Österreichischer Austauschdienst) / Centre for International Cooperation & Mobility (ICM)
S&T Co-operation (WTZ)

Monika Staltner

Ebendorferstraße 7
A- 1010 Vienna
Austria
Tel. +43 (0)1/ 53408-445
Fax +43 (0)1/ 53408-499
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Website: www.oead.at/wtz

     

За симнување:

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook