МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ПОВИК

Министерството за образование и наука во учебната 2016/2017 година ќе започне со спроведување на проектот Меѓународно основно училиште, во соработка со Бирото за развој на образованието и Британскиот совет.

Согласно Законот за основното образование, општината, односно Владата може да основа меѓународно јавно основно училиште во кое се остварува наставен план и програми на англиски јазик.

Отпочнувањето на реализацијата на оваа програма каде наставата ќе се одвива на англиски јазик, е со цел да се овозможи учениците да станат свесни за јазикот и неговото значење, да се чувствуваат поттикнати да говорат на ниво на збор и реченица, преку слушање и разбирање на јазикот, да стекнат вештини за изучување на јазикот и да имаат интерес за изучување на странски јазици и различни култури.

Проектот ќе се реализира во едно училиште на територијата на град Скопје, почнувајќи од прво одделение и тоа како двојазична (билингвална) настава, односно дел од наставата да се одвива на мајчин јазик, а дел на англиски јазик.

За таа цел, Министерството за образование и наука ќе има потреба од наставници за одделенска настава кои се волни да бидат дел од овој проект и кои сакаат дополнително да се обучуваат и кои сметаат дека се способни да предаваат на англиски јазик на ученици од прво одделение.

Наставниците треба да ги исполнуваат најмалку следните критериуми:
- Да се веќе вработени како наставници за одделенска настава во основни училишта на територијата на Град Скопје,
- Да имаат познавање на англискиот јазик и
- Да се подготвени за промена на работната средина и справување со предизвикот на двојазична (билингвална) настава кај ученици во одделенска настава.

Наставниците треба да ги достават следните документи:
- Биографија со посебен осврт на работно искуство како наставник за одделенска настава,
- Диплома за завршено високо образование (копија) и
- Мотивациско писмо.

Пристигнатите пријави ќе бидат разгледани од Комисија составена од претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Британскиот совет, а сите пријавени наставници кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик ќе бидат повикани на интервју пред Комисијата.

Избраните наставници ќе бидат дополнително тестирани со тестот АПТИС за да се одреди нивното ниво на познавање на англискиот јазик по сите четири вештини:слушање, читање, пишување и зборување, и ќе имаат можност да поминат обука за предавање на наставни програми на англиски јазик организирана од Британскиот совет.

Рок за доставување на документите: 25 ноември 2015 година
Документите за Конкурсот да се достават до:
Министерство за образование и наука
(со назнака Конкурс Меѓународно основно училиште)
Св. Кирил и Методиј, 54
1000 Скопје
Лице за контакт: Анастасија Трајковска, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook