Придружете им се на волонтерите на Мировен корпус и на ЕЛТАМ во работилницата за пишување есеи за наставници

Кој: Наставниците по англиски јазик во 8 и 9 одделение, како и професорите по англиски јазик во средните училишта.

Што: Работилница организирана од волонтерите на Мировен корпус во соработка со ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик во Македонија) за да се информирате и да се подготвите за националниот предизвик за пишување есеи на англиски јазик.

Кога: Четврток, 15 октомври и среда 21 октомври од 12:00 до 13:00 часот

***Имајте предвид дека бројот на учесниците е ограничен, регистрирајте се колку можете поскоро***

Каде:

Американско катче Битола - 15 октомври 2015, 12:00 – 13:00 *Максимум 22 учесници

Американско катче Скопје - 15 октомври 2015, 12:00 – 13:00 *Максимум 22 учесници

Американско катче Штип - 21 октомври 2015, 12:00 – 13:00 *Максимум 22 учесници

Американско катче Тетово - 21 октомври 2015, 12:00 – 13:00 *Максимум 27 учесници

Ќе добиете сертификат за вашето присуство и ќе се подготвите за насочување на вашите ученици како да ги прошират своите вештини во креативно пишување на англиски јазик. Информирајте ги вашите ученици за Националниот натпревар за пишување есеи на англиски јазик и за важноста од пишувањето есеи за нивниот иден професионален развој.

Вие треба да се регистрирате за учество со тоа што ќе пратите и-мејл со вашето име и презиме, името на училиштето и Американското катче во кое сакате да учествувате, најдоцна три дена пред закажаниот термин. Пратете и-мејл на ова адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За правилата и за дополнителни информации, посетете ги следниве страници: https://www.facebook.com/MacNationalEssayChallenge http://nationalenglishessaychallenge.weebly.com/

Националниот предизвик за пишување есеи на англиски јазик е овозможено од волонтерите на Мировен корпус, во соработка со ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик во Македонија), поддржан од Универзитетот на Југоисточна Европа.