МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

во рамки на проектот„Директно финансирање на трошоците кои произлегуваат од функционирањето на Оперативната структура за ИПА компонентата за Развој на човечки ресурси“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за засновање на работен однос на определено време во

Министерството за образование и наука

врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15 и 33/15),

Огласот опфаќа вработување на 3 (три) лица на определено време за период до 31.12.2017 година, кои ќе работат во Проектната единица за спроведување на Оперативната програма за развој на човечки ресурси и тоа за следните работни места

-       Реден број 1 - Советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР - 1 (еден) извршител

-       Реден број 2- Советник за подготовка на тендерска документација - 1 (еден) извршител

-       Реден број 3 - Советник за следење и контрола на проекти - 1 (еден) извршител

Кандидатите покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи треба да ги исполнуваат и следните посебни услови потребни за вршење на задачите:

  1. За работното место - Советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР:
  2. Вид на образование :                                       

    -најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, технички или природно-математички науки

    Работно искуство во струката :

    - најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации

    -најмалку 1 година искуство во примена на правилата за набавка на ЕУ

    Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

    -одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик,

    -работа со компјутери

     

    1. За работното место - Советник за подготовка на тендерска документација:

     

    Вид на образование :                                       

    -најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, технички или природно-математички науки

    Работно искуство во струката :

    -најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации

    -најмалку 1 година искуство во примена на правилата за набавка на ЕУ

    Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

    -одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик,

     -работа со компјутери

     

    1. За работното место - Советник за следење и контрола на проекти:

     

    Вид на образование :                                       

    -најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, бизниз или право

    Работно искуство во струката :

    -најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации

    -познавање на управување со проектен циклус

    Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

    -одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик,

     -работа со компјутери

     

    Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување, односно најдоцна до 07.10.2015 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 15.10.2015 година.

    За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8:30-16:30), а основната плата изнесува 24.998,00 денари.

    Со пријавата покрај кратка биографија Europass CV
     (http://europass.cedefop.europa.eu/en/home), кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија, во поглед на   општите и посебните услови и тоа:

    Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место; Потврда за работното искуство; Уверение за познавање англиски јазик и компјутерски вештини; Државјанство; Лекарско уверение; Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.

    Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

    Министерство за образование и наука

    Одделение за управување со човечки ресурси

    бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје

    (со назнака “за оглас”)

    Скопје

     

    На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”

    Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

    Кандидатите со уредна документација и кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју во Министерството за чија потреба се објавува огласот.