Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 и 140/15),Mинистерството за образование и наука распишува

                                                        КОНКУРС
за доделување на стипендии за последипломски студиина ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид за академската   2015/2016година

 

1. Министерството за образование и наука за студиската 2015/2016 година ќе додели 20 (дваесет) стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид.

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. да е запишан на студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид првпат во прва година, односно ја запишал втората година со освоени најмалку две третини од предвидените кредити по ЕКТС системот;
2. да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од прв циклус на студии од најмалку 7,50;
3. да не е корисник на друга стипендија и
4. да има активно познавање на англиски јазик, зашто е потребно да достави сертификат.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:

Пријава
•Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар);
• Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2015/2016 година на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид.
• Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за последипломски студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар);
• Потврда за познавање на англиски jазик,
Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.
Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваатво оригинал или копии заверени на нотар.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендијата ќе му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 3-а став 2 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 и 140/15).

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок за доставување на документите до Министерствотозаобразование и наука: 30.10.2015 година.
Документите да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерството за образование и наука
ул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54
(Зграда на Нова Македонија)
1000 Скопје
(со назнака стипендии за студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид)

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата на кандидатот да биде прифатена од ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид.
При еднаков број на бодови при рангирањето на пристигнатите пријави, предност ќе се даде на кандидатот кој остварил подобар успех од додипломските студии.
Некомплетнитедокументи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.
Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:
Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook