Министерството за образование и наука еднократно ќе додели финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови од домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијаниe (импакт фактор). Mеѓународно списание согласно овој конкурс е списание кое има меѓународен уредувачки одбор.

Конкурсот важи за труд објавен во 2015 година и ќе трае од 01 септември 2015 до 31 август 2016 година. Со конкурсот се предвидува:

Да се доделат финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за 300 научно-истражувачки труда, од кои:

-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на природно-математичките науки;
-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на техничко-технолошките науки;
-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на медицински науки и здравство;
-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на биотехничките науки;
-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на општествените науки; и
-За 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на хуманистичките науки.

Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.
Во случај на повеќе пријави кои ги исполнуваат условите предвидени со конкурсот се дополнуваат со критериумот од прв автор кон останатите, во случај на повеќе први автори или автори по редослед на објавување се зема во предвид висината на влијанието на факторот на списанието.

Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот регистриран во Централниот регистар на Република Македонија за научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот, односно регистриран самостоен истражувач-автор на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

Потребни документи за пријавување на Конкурсот:

-Пополнета пријава

-Копија од објавениот научно-истражувачки труд од домашен автор во меѓународно научно списание со фактор на влијание (импакт фактор),

-Копија од страницата на меѓународното научно списание каде е наведен насловот, годината и бројот на списанието; уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен научно-истражувачкиот труд,

- Официјален документ, потврда за висината на факторот на влијание (импакт факторот, според Jornal Citation Report, SCImago Journal & Country Rank, SCOPUS и т.н.) за меѓународното научно списание за 2014 година и

-Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

- Копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на установата односно самостојниот истражувач, или изјава поднесена од установта односно самостојниот истражувач
Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Пријавата со упатството за потребната пропратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството ( www.mon.gov.mk).

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за објавен труд со фактор на влијание„ да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наука
Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука
Контакт лице: Александар Петров телефон 02/3140-187 и
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., канцеларија 1412
и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и
e-mail: оОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., канцеларија 1410

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook