МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Педагошка служба

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за авторски тимови за основно и средно образование

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до aрхивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 02.09.2015 година (пријавата може да ја превземете ТУКА)

Министерството за образование и наука ги известува заинтересираните дека не е обврзано да склучи договор со авторските тимови.

Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:


1. Српски јазик за I одделение за основно деветгодишно образование;

2. Турски јазик и литература за I година на гимназиско образование;

3. Турски јазик и литература за I година (наставна програма за сите струки) на средно стручно образование и

4. Турски јазик и литература за II година (наставна програма за сите струки) на средно стручно образование