Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13 и 29/14), директорот на Педагошката служба, распишува

 

     ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници

 

1. Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

- Турски јазик VIII одделение во осумгодишно основно образование (односно за IX деветгодишно основно образование)

- Српски јазик I одделение во деветгодишно основно образование

- Српски јазик II одделение во деветгодишно основно образование

- Српски јазик VI одделение на основно осумгодишно образование (односно за VII одделение за деветгодишно основно образование)

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) III одделение во деветгодишно основно образование

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) IV одделение во деветгодишно основно образование

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) V одделение во деветгодишно основно образование

- Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) VI одделение во деветгодишно основно образование

- Турски јазик и литература I година (наставна програма за сите струки) средно стручно образование.

- Турски јазик и литература II година (наставна програма за сите струки) средно стручно образование.

- Турски јазик и литература I година на гимназиско образование

3. Кандидатите за рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата или;

- да се наставници од основно, односно средно училиште за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата.

4. Пријавите може да се подигнат во Министерството за образование наука – Педагошка служба, ул:„Св.Кирил и Методиј“бр.54 –

Скопје или да се превземат од веб страната ТУКА.

5. Рок за доставување на пријавите е заклучно со 07.08.2015 година.

6. Пријавите да се достават на адреса: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 – Скопје.