I.1. Во студиската 2015/2016 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа во:

 

Реден број

СТУДЕНТСКИ ДОМ

МЕСТО

Број на легла за студенти од Iгодина

Број на легла за студенти од II, III, IV, Vи VIгод.и апсолвенти

ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА

1

ДСД СКОПЈЕ

Скопје

     
 

-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 

202

808

1010

 

-КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ

 

99

397

496

 

-СТИВ НАУМОВ – прва и втора зграда

 

140

561

701

 

-СТИВ НАУМОВ – трета зграда

 

128

514

642

 

-СТИВ НАУМОВ – нови бараки

 

28

110

138

2

ДСД ПЕЛАГОНИЈА

Скопје

195

778

973

3

ДСД ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ

Скопје

115

462

577

4

ДСД КОЧО РАЦИН

Битола

77

308

385

5

ДСД НИКОЛА КАРЕВ

Охрид

46

185

231

6

ДСД ДОНЕ БОЖИНОВ

Пробиштип

26

104

130

7

ДСД ОРДЕ ЧОПЕЛА

Прилеп

67

268

335

8

ДСД БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ

Штип

43

173

216

9

ПСД “ОАЗА”

Штип

22

90

112

10

ПСД ХИЛЈАДНИКОВ

Штип

12

48

60

11

ПСД ЛОГОС

Штип

10

42

52

 

ВКУПНО:

 

1210

4848

6058

 

I.2. Распределбата на вкупниот број на расположливи места во домовите се врши на следниот начин:

а) прва група – 40% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Македонија, и тоа:

- студенти деца без родители и родителска грижа,

- студенти деца со посебни потреби,

- студенти деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,

- студенти деца на самохран родител,

- студенти деца на невработени родители и

- студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

б) Во првата група спаѓаат и студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Македонија.

в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.

г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на овој член.

I.3.Од вкупниот број расположливи места во студентските домови, 20 % се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:

1. Редовни студенти запишани на факултети кои имаат помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;

2. Редовни студенти запишани на факултети кои имаат осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година;

3. Редовни студенти запишани на факултети кои имаат над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;

4. Да се државјани на Република Македонија.

II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.

II.3. Немат право на прием студентите:

1. Кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка,.

2. Студентите запишани по втор пат како апсолвенти. 

3. Студентите кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од три месеци.4. Студентите запишани на постдипломски студии.

II.4. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.
Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи од Глава IV.
Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 12.07.2015 година и трае до 12.08.2015 година.
Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 18.08.2015 година и трае до 28.08.2015 година.
По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 25.09.2015 година.

 

IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

IV.1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои ги исполнуваат условите по Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи:

1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за редовност во текот на студиите;
4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;
5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
6. Заверен образец “УППИ”;
7. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кои ќе потврдат дека се примени на факултет);
8. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
9. Документ за кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби, со кој ќе докажат писмено нивниот статус;
10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
11. Изјава за согласност за дополнителен избор на студентски дом (доколку се пополни капацитетот во избраниот дом);
12. Изјава за идентичност на податоците;
13. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
14. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2015 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
15. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
- уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
- потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

IV.2. ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИ

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.
Кандидатите кои конкурираат за студентски дом во Скопје, горенаведените документи ги доставуваат лично во просториите на Министерството за образование и наука (шалтерите на самиот влез во архивата на Одделението за ученички и студентски стандард) од 9:00 – 15:30 часот или по пошта до Комисијата за прием и проверка на документацијата на адреса Министерство за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје и тоа почнувајќи од 13.08.2015 година до 20.08.2015 година, додека студентите од I година документите ги доставуваат почнувајќи од 31.08.2015 година до 04.09.2015 година.
Кандидатите кои конкурираат за студентски дом надвор од Скопје, горенаведените документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ

V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13 и 98/13).
Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

V.2. Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на 29.08.2015 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 12.09.2015 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.

V.4. Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2. од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

V.5. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2015/2016 година.

VI. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.
Доколку студентот, кој е примен согласно овој Конкурс, не потпише договор во предвидениот рок, тогаш истиот нема право повторно да конкурира за сместување во дом.

 

ПРЕВЗЕМИ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook