Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13 и 29/14), директорот на Педагошката служба, распишува

                                       ЈАВЕН ОГЛАС  за рецензенти на учебници


1. Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.


2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:


- Иновации за IX одделение во деветгодишно основно образование

- Иновации и претприемништво за I година на гимназиското и средното уметничко образование;

- Иновации и претприемништво за II година на гимназиското и средното уметничко образование;

- Иновации и претприемништво за III година на гимназиското и средното уметничко образование;

- Бизнис и претприемништво за IV година на гимназиското и средното уметничко образование;

- Јазик и култура на Власите (изборен предмет) VII одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Власите (изборен предмет) VIII одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Власите (изборен предмет) IX одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VII одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VIII одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) IX одделение во деветгодишно основно образование;

- Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) VII одделение во девегодишно основно образование;

- Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) VIII одделение во девегодишно основно образование;

- Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) IХ одделение во девегодишно основно образование.

3. Кандидатите за рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:


- да се наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата или,


- да се наставници од основно односно средно училиште за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата.


4. Пријавите може да се подигнат во Министерството за образование наука – Педагошка служба, ул:„Св.Кирил и Методиј“бр.54 – Скопје или да се преземат од web страната ТУКА.


5. Рок за доставување на пријавите е заклучно со 10.07.2015 година.


6. Пријавите да се достават на адреса: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 – Скопје.