Меѓународни постдокторски истражувачки грантови на Република Латвија


Крајниот рок за поднесување е 20 јули 2020 година.


Државната агенција за развој на образованието во Латвија, информира за 4-от повик за апликации за истражување под дејност „Post-Doctoral Research Aid”. 

Вкупното финансирање на четвртиот повик е 11,4 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети за економски истражувања и 5,7 милиони евра за неекономски истражувања (1,1 милиони евра се планирани за фундаментално истражување).

Цел на програмата - да се развијат вештини ;да се зголеми научниот капацитет; да се обезбедат можностите новите научници да започнат кариера во научни институции и во претпријатија; подобрување на истражувачките компетенции; зајакнување на човечките ресурси и зголемување на бројот на квалификувани специјалисти.

Целната група на програмата се пост-докторски истражувачи - Латвиски или странски истражувачи кои се стекнале со докторска диплома не повеќе од 10 години пред крајниот рок за поднесување на апликацијата за истражување.

Пост-докторски истражувач од странство може да ги спроведе следните активности во рамки на истражувањето:
Применети и фундаментални истражувања,
Стекнување, одобрување и одбрана на правата од интелектуална сопственост,
Обука, меѓународна мобилност и мрежно поврзување,
Трансфер на знаење и технологија,
Надзор и прегледи на дипломски, магистерски и докторски трудови,
Подготовка на други предлози за проекти за истражување или иновации.

Апликациите за истражување придонесуваат за постигнување на целите на Стратегијата за паметни специјализации на Република Латвија, спроведување на приоритетите за раст или развој на области за специјализација. Највисок резултат во проценката на критериумот „Влијание“ може да се постигне доколку истражувањата се фокусирани на проучувањето на влијанието на „Ковид-19“ и развојот на иновативни решенија во следниве теми: решавање на јавните здравствени проблеми; развој на решенија за електроника и информатичко-комуникациска технологија, вклучително и насочени кон здравје, образование, е-влада; иновативни решенија за развој на бизнисот и прилагодување кон променливите околности (на пр., итни случаи, климатски промени).

Услови на проектот:

Кандидат за истражување е научна институција или претпријатие на Република Латвија, кое воспоставува работни односи со постдокторски истражувач и обезбедува пристап до инфраструктура и човечки ресурси за спроведување на истражувањето неопходно во рамките на апликацијата за истражување;

Максималното вкупно финансирање на еден грант е 111 505 евра со времетраење на проектот од најмногу 30 месеци и вклучува:

• договор за работа со полно работно време со плата 2 731 евра месечно, вклучувајќи ги сите даноци;
• други трошоци за истражување, како што се трошоци за материјали, заштита на технолошки права, надворешни услуги, обука и мрежно работење, утврдени на 800 евра месечно;
• административните трошоци утврдени на 185,83 евра месечно.
Контакт: г-ѓа Луга Мирлина, виш експерт за постдокторска програма, Државна агенција за развој на образованието, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
--------------------------------------
More about programme and related documents here.

Please do not hesitate to contact Mrs. Līga Mirlina, Senior Expert of Postdoctoral Programme, the State Education Development Agency, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook