Врз основа на член 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за учебници за основно и средно образование за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/20), МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, го продолжува рокот за доставување барања за одобрување на учебници по странски јазици во основно образование за два месеца од денот на влегување во сила на уредбата и ја врши следната

И З М Е Н А
на Повикот за искажување на јавен интерес за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици во основно образование, објавен на ден 06.02.2020 година на интернет страната на Министерството за образование и наука


Во Повикот за искажување на јавен интерес за доставување барање за одобрување учебници по странски јазици во основно образование, објавен на ден 06.02.2020 година на интернет страната за Министерството за образование и наука, рокот за доставување на учебници по странски јазици е заклучно со 03.06.2020 година.
Во останатиот дел Повикот за искажување на јавен интерес за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици во основно образование, останува непроменет.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook