Министерството за образование и наука во согласност со Резолуција 24 усвоена на 40-та сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, во контекст на ОТВОРЕНА НАУКА (Open Science) и предизвиците со кои се соочува цел свет во борбата против COVID-19, ги повикува домашните научни истражувачи, високообразовните/научни установи и сите заинтересирани страни да се приклучат на препораките на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА И ОТВОРЕН ПРИСТАП и да одговорат на прашалникот даден на следниов линк:

https://en.unesco.org/science-sustainable-future/open-science

УНЕСКО како Агенција на Обединетите Нации со мандат за наука, е легитимна глобална организација која овозможува да се изгради кохерентна визија за ОТВОРЕНА НАУКА со споделени сеопфатни принципи и вредности. Движењето за ОТВОРЕНА НАУКА како иницијативата е поттикната од научната заедница на УНЕСКО и со голема брзина се шири низ нациите како повик за отворање на портите на знаењето.

Поради тоа, на 40-та сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО 193 земји членки поставија задачи да се развие меѓународен стандардизиран инструмент за ОТВОРЕНА НАУКА во форма на Препораки на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА. Низ овие Препораки ќе се дефинираат споделените заеднички вредности и принципи за ОТВОРЕНА НАУКА и ќе се идентификуваат конкретни мерки за ОТВОРЕН ПРИСТАП (Open Access) и ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ (Open Data).

COVID-19 пандемијата и кризата предизвикана од неа освен што ја тангира релевантноста и брзината на истражувањата во доменот на биомедицинските науки, таа исто така, има голем импакт и во аспектите на општествените, социо-економските и образовните состојби. Поради тоа, важноста за брз и отворен пристап до научни податоци во ова време е повеќе од очигледна.

УНЕСКО започна со Онлајн глобална консултација со цел подготовка на Препораките во врска со ОТВОРЕНА НАУКА, а прашалникот како дел од оваа консултација содржи прашања за општите сознанија за поимот ОТВОРЕНА НАУКА како и научените лекции во врска со COVID-19.

Република Северна Македонија може да даде свој придонес во Препораките на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА. За таа цел, ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, како и сите заинтересирани страни најдоцна до 15.06.2020 година да го пополнат прашалникот.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook