Европската комисија – Директорат за образование, млади, спорт и култура објавува јавен повик за апликации за мобилност во стручното образование и обука. Главната цел на вториот пилот повик е да придонесе кон подобрување и модернизација на системите за стручно образование и обука во земјите на Западен Балкан како и да ја зајакне врската помеѓу стручното образование и пазарот на трудот.
 
Вид на активности:
- Мерки за мобилност кои вклучуваат идентификација на таргет група на вработени, менаџери и ученици, подготовка на програми за обука со очекувани резултати од учење и селекција на учесници
- Активности за мобилност како:
  • Мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство од 2 недели до најмногу 3 месеци
  • Подолгорочна мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство (Еразмус Pro-type mobility 13) од 3 до 12 месеци
- Мобилност на кадарот, вклучително:
  •   Предавање /обука во странство – оваа активност им овозможува на вработените во провајдерите за стручно образование и обука да предаваат во партнер провајдер во странство. Исто така им овозможува и на вработените во компанија да држат обука кај провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Обука на кадарот во странство – со оваа активност се поддржува професионалниот развој на наставниците за стручно образование и обука преку упатување на работа или опсервација во компанија или кај друг провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Времетрањето на мобилноста на кадарот за оваа намена зависи од типот на активноста и е ограничена до најмногу 3 месеци
- Конференции, семинари
- Обуки
- Комуникациии, активности за подигнување на свесноста и споделување на информации на национално и регионално ниво
- Активности за создавање и развој на мрежи и размена на добри практики
- Мапирања, анализи и истражувања за најдобрите практики за развој на идни сеопфатни програми за мобилност во стручно образование и обука
 
Крајниот рок за аплицирање е 17 јуни 2020 (до 12:00 часот)
 
Повеќе детали за повикот и можностите за аплицирање може да најдете на следниот линк:
https://ec.europa.eu/education/resources-and-tools/funding-opportunities/second-pilot-vet-mobility-scheme-eac-s54-2019_en
 
 
 
 
 
 
 
 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook