1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература.

Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија, потребно е да се студенти кои имаат завршено минимум два семестри на катедрата за хрватски јазик и литература, студенти на катедрата за хрватски јазик, и литература, кои работат на нивните дипломски тези, или студенти запишани на втор циклус на студии.

2. До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да се магистри или доктори на науки од сите научни области.

3. Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да бидат студенти по славистика, односно по хрватски јазик и литература, асистенти и професори од катедрата за хрватски јазик и литература или од други научни установи, кои го истражуваат хрватскоит јазик и литература, како и преведувачи и лектори.

Потребна документација за пријавување:За точка број 1 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на https://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4. CV, (Во Европски формат)
5. Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии, (копија од BA/BSc програми);
6. Мотивациско посмо;
7. Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;
8. Потврда за редовен студент;
9. Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 2  потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец, потребно е да биде доставен и во електронска форма) на https://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4. CV, (Во Европски формат); 
5. Листа на публикации;
6. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен соодветен документ од партнерот;
7. Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;
8. Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на друг јазик. (Да е приложено во писмото за покана);
9. Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;
10. Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;
11. Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 3  потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на https://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта поставена на образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4.CV,(ВоЕвропски формат) 
5. Потврда за редовен студент издадена од матичната институција(за студенти) и копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;
6. Мотивациско писмо;
7. Писмо за препорака;
8. Доказ за владеење на хрватски јазик (минимум А2)
Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување „Службен весник на Република Македонија“, бр. 34/1997.
Согласно овој Договор, на прифатените кандидати им се препорачува да обезбедат документ, кој во случај на болест ќе им овозможи здравствена заштита во Република Хрватска.

Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во два примероци во хартиена форма, заедно со потребната документација.
Наведените документи потребно е во два примероци да се достават до Министерството за образование и наука и на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 26 април, 2020 година.

Подетални информации за наведениот Конкурс можете да најдете на следниов линк

https://mzo.gov.hr/glavni-izbornik-368/highlights/calls-417/scholarships-in-the-republic-of-croatia-call-for-applications-2020-2021/3615

и https://www.mobilnost.hr/en/content/bilateral-programmes-of-mobility-in-higher-education/eng-bil. и во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 053, лице за контакт Александар Тутновски, е-маил; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook