Ве известуваме дека рокот за поднесување на апликации во рамки на Програмата за стипендирање на УНЕСКО - „Големиот ѕид“, поддржана од НР Кина е одложен до 30 април 2020 година.

Стипендиите во одредени кинески универзитети се со времетраење од една година, а се наменети за зајакнување на капацитетит во областите на културата, комуникацијата, науката и технологијата. Детални информации за условите на повикот можат да се најдат на следната веб страна:

http://www.unesco.org/new/en/fellowships/programmes/unescopeoples-republic-of-china-the-great-wall-co-sponsored-fellowships-programme/

Со цел Националната комисија за УНЕСКО да ги достави апликациите на евентуало заинтересираните кандидати од нашата земја, пополнетите формулари во електронска форма треба да се достават најдоцна до 24 април на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апликациите истовремено треба да се достават и во хартиена форма на следната поштенска адресата: Министерство за култура – Национална комисија за УНЕСКО, Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook