Програмата за магистерски студии (Master of Science (MSc) Fellowship Programme) финансирани од Владата на Унгарија, преку Министерството за земјоделство, во соработка со ФАО (Организација за храна и земјоделство на ОН) за учебната 2020-2021 година нуди можности за доделување на стипендии за постдипломски (магистерски) студии за кандидати од повеќе земји меѓу кои и од Република Северна Македонија, за следниве студиски програми:

1. Безбедност на храна и инженерство за квалитет ( Food Safety and Quality Engineering ) - Szent István University;
2. Хортикултурно инженерство ( Horticultural Engineering ) - Szent István University ; и
3. Исхрана на животните и безбедност на добиточна храна (Animal nutrition and feed safety) - Kaposvár University

Право на аплицирање за овие стипендии имаат кандидати со завршени додипломски студии со висок просек, кои не се постари од 30 години и кои одлично го знаат англискиот јазик.


Подетални информации за курсевите, општите услови и формулари за аплицирање можат да се добијат на следнава интернет адреса:
http://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1257432/

Аплицирањето се врши единствено по електронски пат , на горенаведената интернет адреса, а крајниот рок за поднесување на апликациите е 28 февруари 2020 година.

Постапката за аплицирање и изборот на кандидатите ги спроведува давателот на стипендиите.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook