Полската Национална агенција за академска размена известува дека во академската 2020/21 година билатералната соработка со Северна Македонија во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation - offer for incoming students and scientists”).

Новина во процедурата за пријавување на кандидатите е што по нивното првично прифаќање, тие ќе имаат обврска да се регистрираат индивидуално на NAWA ICT системот.

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, полската Национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски студенти и истражувачи за академската 2020/21 година, за прв, втор и трет циклус на студии, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование.

Полската страна ќе обезбеди:
- бесплатно студирање и
- сместување во студентски домови, 
а висината на стипендијата изнесува:
- 1250 PLN/месечно за прв циклус на студии;
- 1500 PLN/месечно за втор циклус на студии;
- 2200 PLN/месечно за докторски студии и специјализанти со магистратура;
- 3000PLN/месечно за истражувачи со докторат.

Патните трошоци за повратен билет до и од местото на студирање ќе ги покрие Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/


Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:
https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Пријавата и апликацијата заедно со потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 20 мај 2020 година.


Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци, 
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прилог: 
“Regulations” of the Programme
Application form for candidates for the academic year 2020/21

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook