Министерството за образование и наука согласно договорот потпишан со Меморијалниот центар Јад Вашем (Држава Израел), ги повикува заинтересирани наставници да се пријават за да бидат дел од едукативен камп кој ќе се одржи во периодот од 21 до 28 јуни 2020 година во Меморјалниот центар Јад Вашем (Држава Израел).

Наставниците кои ќе учествувааат на едукативниот камп во Меморијалниот центар Јад Вашем (Држава Израел), треба да: а) бидат професори/наставници по историја, граѓанско образование, ликовно образование, музичко образование, професори/наставници по македонски, албански, турски, српски јазик или по некојод странските јазици кои се изучуваат во Република Северна Македонија; б) да го владеат англискиот јазик, в) да не биле претходно на едукативниот камп во Меморјалниот центар Јад Вашем и г) да имаат желба во понатамошниот тек на нивната работа да употребуваат знаења и вештини кои ќе ги стекнат во едукативниот камп во Меморјалниот центар Јад Вашем.

Трошоците за едукација и сместување во едукативниот камп се покриени од Меморијалниот центар Јад Вашем, додека авио-билетот е обврска на партиципиентот.

Заинтересираните кандидати треба да достават Писмо на интерес до д-р Игор Јуруков, специјален претставник на МОН за прашањата поврзани со холокаустот и комеморација на Евреите од РС Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и до Секторот за холокауст едукација и истражување при ИДКНА Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 25. 12. 2019 година.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook