Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година,  Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година

1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година. 
2. Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи.
3. Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир. 
4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
пополнета пријава; 

- одлука од организаторот за одржување на научен собир 

- одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и 

- програма за работа на научниот собир со број на учесници 

5. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. 
6. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година. 
7. Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 01.09.2019 година заклучно со 22.11.2019 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Едмонд Метај, канцеларија број 1408 или на телефон 02-3140-183

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook