Програмата на Централно - Источна Европа за финансиско и економско лидерство, поддржана од Народната банка на Унгарија покренува иницијатива за доделување на 20 стипендии годишно за последипломски МБА студии на Универзитетот Корвинус во Будимпешта во соработка со Универзитетот Фудан од Шангај со добивање на двојна диплома(MSc) . 

Стипендијата изнесува 11.900 евра или 900.000 ХУФ месечно и во неа се вклучени трошоци за наставни материјали, за исхрана за време на интензивните викенди и сите трошоци за меѓународните недели, како и патните и трошоците за сместување во Шангај.
Народната банка на Унгарија обезбедува стипендии за целосното траење на студиите, а за повеќе информации посетете ја веб страницата www.fudan-corvinus-mba.uni-corvinus.hu 
Подетални информации за оваа иницијатива може да се најдат и во приложената брошура и на Facebook страницата - facebook.com/fudancorvinusmba.

Заинтересираните кандидати за аплицирање за оваа стипендија потребно е да стапат во контакт лично со Mr. Levente Horváth, Director of the Project Center, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на тел: +36-30-318-6726 и Ms. Viktória Horváth, Program Coordinator, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на тел: +36-30-429-6806.
Крајниот рок за аплицирање за идната академска година е 20 мај 2019 година.