Врз основа на член 50 од Законот научнo-истражувачка дејност(„Службен весник на Република Северна Македонија“бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, и 53/16) и член 2 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен Весник на Република Северна Македонија“, бр.102/18), министерот за образование и наука донесе

КОНКУРС

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ОБЈАВЕН НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА 2018 ГОДИНА

            1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување еднократна награда во висина на една просечна нето плата исплатена во последниот месец во Република Северна Македонија на наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите), кои претходната година објавиле научен труд во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Thomson Reuters или Scopus.

2. Јавниот конкурс се однесува за труд објавен во 2018 година.

           3. Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.

4.Министерството ќе доделува финансиски средства на авторот, односно авторите на трудот, врз основа на изјава на авторите на трудот за процентуалнатараспределба на средствата која се доставува до Министерството за образование и наука по објавувањето наконечната листа за финансирање на интернет страницата на Министерствотоза образование и наука: mon.gov.mk.

            5. Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот за вршење на научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

             Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

            - пополнетo барање; 

            - копија од објавениот труд од домашен автор восписанија реферирани во базите Thomson Reuters илиScopus;

            - копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;

            - уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите;

            - потврда за избор во наставно, соработничко илинаучно звање;

            -    изјава за користење лични податоци.

            6.Јавниот конкурс трае до 1 септември 2019 година.Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

7. При рангирањето на трудовите прво се рангираат трудовите објавени во списанија реферирани во базата Thomson Reuters, при што се зема во предвид висината на факторот на влијание на списанието кадештое објавен трудот.

8. Секоја година се финансираат најмалку 50 трудови од секое од шесте научно-истражувачки полињаспоред Меѓународната фраскатиева класификација.Доколку за одредено научно-истражувачко поле не серангираат за финансирање 50 трудови, останатитесредства можат да бидат распределени за финансирањена дополнителен број трудови од друго научно-истражувачко поле, за што на предлог на комисијата, одлучува министерот.

9. Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2018 година, да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.541000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука

Контакт лице: Александар Петровтелефон 02/3140-189 и

e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и

e-mail: оОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., канцеларија 1410

 

baranje_prilog_2018.doc

izjava_za_licni_podatoci-2018.doc

                         

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook