Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16 ), а согласно Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.165/18) и Решението за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/19 бр. 23-13821/1 од 21.11.2018 година, Министерството за образование и наука, распишува


КОНКУРС
за доделување на стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година


Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 880 (осумстотини и осумдесет) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.


I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Во учебната 2018/19 година се доделуваат вкупно 880 стипендии за средношколци Роми во пет категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 200 стипендии за средношколци Роми за учебната 2018/19 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за постигнат успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2. Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии за средношколци Роми за учебната 2018/19 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик за постигнат успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3. Во третата категорија се доделуваат 160 стипендии за средношколци Роми за учебната 2018/19 година во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик за постигнат успех од 3.00 - 3.49 во последната учебна година;
4. Во четвртата категорија се доделуваат 50 стипендии за средношколци Роми за учебната 2018/19 година во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;
5. Во петта категорија се доделуваат 150 стипендии за средношколци Роми за уебната 2018/1 година во висина од 600,00 денари месечно по ученик за постигнат успех од 2.00 - 2.99 во последната учебна година.

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:
1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета и четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија; 
2) да не повторувале во претходната учебна година;
3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
4) да се припадници на Ромската заедница; и
5) да се државјани на Република Македонија.


При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета, четврта и петта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.


III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 12.12.2018 година да ги достават следните документи:

1. Барање за стипендија;
2. Оригинал пријава (не копија) за стипендирање на средношколци Роми;
3. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2018/2019 година;
4. Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната учебна година на школување;
5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
6. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница;
7. Копија од уверение за државјанство на Р. Македонија;
8. Согласност за користење на лични податоци;
9. Копија од трансакциска сметка од банка на име на ученикот;

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.


IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за талентирани средношколци Роми.
Оваа категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2018/19 година ќе бидат доделени вкупно 200 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.


Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49
Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2018/19 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49
Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2018/19 година ќе бидат доделени вкупно 160 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Стипендии за ученици со посебни образовни потреби 
Четвртата категорија на стипендија ќе биде наменета за ученици со посебни образовни потреби. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2018/19 година ќе бидат доделени вкупно 50 стипендии. Висината на стипендијата за четвратата категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Петта категорија: Мотивирачка стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99 
Петтата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2018/19 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за петтата категорија изнесува 600.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.


Стипендиите од сите пет категории кои нема да бидат доделени се префрлаат за доделување во друга категорија.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook