Врз основа на член 3 од Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1 ноември 2008 година, Министерството за образование и наука  распишува

КОНКУРС
за заеднички  македонско – австриски научно-истражувачки проекти  
за периодот  2018 – 2020 година   


Краен рок за понесување на предлози: 31.12.2017 година

 

Право на конкурирање

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи и центри  на извонредност.

Услови за учество

- Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

- Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и.

- други услови, согласно постојната законска регулатива

Научни области

Сите научни области

Времетраење на проектите

1 јули 2018 до 30 јуни 2020година

Краен рок за поднесување на предлозите

31.12.2017 година

Начин на финансирање

Согласно проектната соработка

Поднесување на предлозите

Предлози за проекти од сите научни области се поднесуваат во два   примероци на пропишани обрасци од страна   на Министерството за образование и наука..

Обрасците за понесување на предлози за проекти се составен дел на овој Конкурс (www.mon.gov.mk). Подетални информации може да се добијат во Министерството на тел. (02)   3140 185 или на e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., katerina.sumanovska@gmailcom

Kритериуми за оценување на предлозите

Предлози за проекти ќе се рецензираат од независни рецензенти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист ОЛ-1:

·          придонес во продлабочување и проширување на научните знаења,

·          оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·          компетентност на главниот  истражувач и предложениот истражувачки тим,

·          вклученост и оспособување на млади научноистражувачки  кадри,

·          релевантност и конкурентност на проектот за меѓународна соработка, особено за истражувачките програми на ЕУ,

·          релевантност за примена на резултатите во практиката,

·          исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот,

·          остварливост на резултатите во временска рамка, и

·          реалност на финансиските средства потребни за реализација на проектот.

Секој од наведените елементи на овој член за оценување независните рецензенти го вреднуваат со оценка од 1 до 5. Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку 3,5.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот после состанокот на Заедничката македонско – австриска средба, во текот на втората половина на 2010 година.

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик. Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и на обрасците ОБ1-А и ОБ1-Б.

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештај

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот на завршувањето на проектот.

 

Адреса на институцијата во Македонија за понесување на предлозите

Адреса на институцијата во Австрија за понесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за наука и технолошки развој

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, бб.

1000 Скопје

Тел: (02)  3140 185

Fax:      (02) 3118 414, 3118 630

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,             Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,         

Internet:           www.mon.gov.mk

OeAD-GmbH (Austrian Agency for international Cooperation in Education and Research)
ICM – Centre for International Cooperation & Mobility

Mr. Michael Glatzl, MA
Ebendorferstraße 7
A-1010 Vienna
Tel. +43 (0)1/ 53408-472
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,

Website: www.oead.at/wtz

 

За симнување:

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook