Се објавува почеток на поднесувањето на пријави за Фулбрајт студентската програмата за академската 2018-2019 година за пост-дипломски студии (визитинг студенти истражувачи и магистерски студии)

КРАЕН РОК: 31 мај 2017 година 
Подетално за условите прочитајте на:

 https://macedonia.usembassy.gov/archives/archive2016/fpc17-18ay.html

Ова е заедничка програма меѓу Стејт Департманот на САД и Владата на Република Македонија.

Услови за квалификација

• Кандидатот да има диплома за завршено високо образование или да биде запишан на постдипломски студии;

• Доволно познавање на англиски јазик за да може да студира или да истражува во САД;

• Кандидатот да е граѓанин на Република Македонија.

Упатство

• Сите пријави треба да се пополнети на англиски јазик и да се поднесат електронски на https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/. 
• Секоја страна од пријавата има упатство за пополнување, кое треба да го прочитате внимателно пред да започнете со пополнување. 
• Секое прашање мора да се одговори во целост и со внимание. Ве молиме, обидете се одговорите да ги вметнете во предвидениот простор за нив. 
• Пополнетите пријави треба да се поднесат до 31 мај 2017 година. 
• Нема да се прифатат нецелосни пријави.

Стандардизирани тестови

Доколку сте избрани за интервју во Амбасадата на САД, тогаш ќе треба да полагате испит за познавање на англиски јазик – ТОЕФЛ. Не треба да се пријавувате за полагање на ТОЕФЛ во оваа фаза на аплицирање. Ќе добиете упатство како да се пријавите за испитот по интервјуто. 
Дополнително, кандидатите кои ќе се пријават за програми за стекнување на научен степен, ќе треба да полагаат GRE или GMAT испити, во зависност од полето на студи. Не треба да се пријавувате за полагање на овие испити во оваа фаза на аплицирање. Ќе добиете упатство како да се пријавите за испитот по интервјуто.


Постапка на пријавување и разгледување на пријави 
Целосна пријава подразбира:
• Образец за пријавување 
• Детална изјава за предложената активност 
• Детална биографија на лицето 
• Три препораки 
Следниве документи треба да се скенираат и да се прикачат кон он-лајн апликацијата. Тие треба да се скенирани во .pdf формат и секој поединечен документ не треба да надминува големина од 2 МВ. 
• Фотокопија од пасош
• Фотокопија од стекнатиот научен степен – копија од вашата диплома за додипломски или магистерски студии или писмо со кое се потврдува дека сте запишани на докторски студии, како и превод на овие документи на англиски јазик 
• Потврда за работен однос издадена од работодавачот, доколку сте вработени 
• Други (опционални) дополнителни документи

Ве молиме горенаведените документи да ги скенираните и да ги прикачите на вашата online пријава.

Обрасците и упатствата за пополнување на пријавата и повеќе други информации поврзани со Фулбрајт ќе дознаете на:

 https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/или http://fulbright.state.gov/

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook