Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2017 година за млади истражувачи од Република Македонија доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научни истражувачки институции во Велика Британија.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон, односно 1000 фунти месечно за универзитети лоцирани во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите. 

Услови за конкурирање:
- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
- Одлично познавање на англиски јазик; 
- Да не се постари од 30 години;
- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови; 
7. Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.) и 
8. Потполнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот формулар и потребните документи (на англиски јазик), треба да се поднесат во Министерството за образование и наука на адреса: 
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54 -1000 Скопје, Сектор за наука и иновации.

Крајниот рок за поднесување на документите е 15 март 2017 година.

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството во канцеларија 1410, на телефонскиот број 02 3140-185 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook