Се информираат сите заинтересирани граѓани дека за академската 2017/2018 година достапни се две програми за доделување на стипендии за студии во Индонезија и тоа:

- Дармасисва програмата на Владата на Индонезија преку која се доделуваат стипендии за студии поврзани со изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура на еден од 59-те универзитети кои се лоцирани во Индонезија. Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата http://darmasiswa.kemdikbud.go.id/, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата.

- БИПА програмата на УМП Универзитетот (Universitas Muhammadiyah Purwokerto) за изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура, преку програми во времетраење од 1, 2, 3 или 6 месеци. Повеќе информации за овој тип на стипендии може да се обезбедат на http://international.ump.ac.id/index.php/international-programs/bipa/bipa-scholarship. Апликацијата и потребните документи се доставуваат на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook