Централноевропска програма за размена во областа на универзитетски студии
(CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објавува:

 

КОНКУРС
за партиципација на високообразовните установи
во CEEPUS мрежите за академската 2017/2018 година


Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS III - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери, во CEEPUS III универзитетските мрежи од различни области. CEEPUS мрежата ја сочинуваат најмалку три држави членки на CEEPUS програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки.

Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар, и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info

Крајниот рок за аплицирање е 15 јануари 2017 година.

За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон 02/ 3140185 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook