Врз основа на член 13 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/08, 148/09, 41/14, 55/16 и 142/16 ) и Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на надворешни соработници-набљудувачи на процесот за екстерна проверка на постигањата на учениците број 02-410/1 од 20.09.2016 година и Предлогот бр.02-410/8 од 06.10.2016 година, Државниот испитен центар, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешни соработници – набљудувачи на процесот за екстерна проверка на постигањата на учениците

 

Државниот испитен центар распишува Конкурс за избор на надворешни соработници- набљудувачи на процесот за екстерна проверка на постигањата на учениците во завршните години од средното образование (гимназиско, средно уметничко, средно стручно образование со тригодишно и четиригодишно траење), и тоа за во следниве општини:

 

Општина

Број на набљудувачи

Берово

1

Битола

10

Богданци

1

Валандово

1

Велес

4

Виница

1

Врапчиште

1

Гевгелија

2

Гостивар

7

Дебар

1

Делчево

1

Демир Хисар

1

Долнени

1

Кавадарци

4

Кичево

4

Кочани

3

Кратово

1

Крива Паланка

1

Крушево

1

Куманово

11

Липково

1

Маврово и Ростуше

1

Македонска Каменица

1

Македонски Брод

1

Неготино

1

Охрид

5

Прилеп

8

Пробиштип

1

Радовиш

1

Ресен

1

Свети Николе

1

Скопје

48

Струга

5

Струмица

6

Тетово

17

Центар Жупа

1

Штип

6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Набљудувањето на процесот на екстерна проверка на постигањата на учениците, ќе се врши во периодот од 23 до 27.01.2017 година, за главната јануарска сесија. 

По потреба, избраните лица, ќе бидат ангажирани и во дополнителната сесија.

За својот ангажман кандидатите ќе добијат надомест од 600,00 денари по ден, согласно поднесениот извештај за извршена работа.

Кандидатите кои конкурираат за набљудувачи, треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат завршено најмалку средно образование;
- да не се осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор, подолго од шест месеци.

Потребни документи:

- пријава (истата треба да содржи: име и презиме, телефонски број за контакт, mail адреса, општина на живеење);
- доказ за државјанство;
- кратка биографија;
- диплома за завршено средно образование (оргинал или копија заверена на нотар);
- потврда дека не се осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор, подолго од шест месеци.

Пријавите со некомплетна и невалидна документација, како и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат предвид.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју по што ќе следи конечен избор.

Конкурсот трае 7 дена, од денот на објавување во средствата за јавно информирање.

Пријавата со документацијата се доставува со препорачана поштенска пратка на адресата на Државниот испитен центар на ул. „Васил Ѓоргов“ б.б Скопје, со назнака за јавен конкурс за набљудувачи.

Дополнителни информации заинтересираните кандидати може да добијат на тел.3216-299 во интервал од 13-15 часот.

 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook