Врз основа на член 24 – б од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) Министерството за образование и наука објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К
за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата

1. Услов за учество:

На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), може да се пријават ученици – државјани на Република Македонија, заедно со наставникот - државјани на Република Македонија, кој ги подготвувал за натпреварот, а кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), во учебната 2016/17 година.

2. Начин и рок на пријавување:

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Барање кон кое ги доставува и следните документи: потврда дека е редовен ученик, потврда за наставникот дека е вработен во училиштето, фотокопија од диплома или друг документ со кој ќе потврди дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), трансакциска сметка на ученикот и на наставникот. Воедно, потребно е да се достави Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на ученикот, и Изјава потпишана од наставникот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на следната адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „ освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad)“, најдоцна до 31.08.2017 година.

3. Доделување на награди:

Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци.

4. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook