Генералниот директор на УНЕСКО упатува повик до државите членки да поднесат барања за реализација на проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2016-2017 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата (http://unesdoc.unesco.org/images/0022/002266/226695e.pdf 

и http://unesdoc.unesco.org/images/0023/002322/232227e.pdf)

 

Секоја членка, преку својата Национална комисија за УНЕСКО, може да поднесе најмногу до 7 барања или предлог национални проекти (по 2 предлози од областите на науката, образованието и културата и 1 прeдлог од областа на животната средина) и 1 регионален предлог проект. Националните проекти се финансираат до 26.000 долари, а регионалните, интеррегионалните и субрегионалните проекти до 46.000 долари.

Краен рок за поднесување на предлог проектите до Министерството за образование и наука е 10 јуни 2016 година.

Предлозите кои ќе бидат доставени по овој датум, нема да бидат разгледувани.

Проектите задолжително се поднесуваат на македонски јазик со верзија на англиски или француски јазик.

Подетални информации за условите и постапката за избор на предлог проектите може да се најдат во Програмата за партиципација УНЕСКО за 2016 - 2017 година на интернет страницата на УНЕСКО – www.unesco.org.

Лица за контакт:
Олга Дуковска –Атов, тел. 3140 185
Катерина Шумановска тел. 3140 185


Прилог 1
Прилог 2

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook